Search

На референдумот во Венецуела 95 отсто од граѓаните го поддржаа присвојувањето на територијата Есекибо

На референдумот во Венецуела одржан вчера околу 95 отсто од граѓаните го поддржаа присвојувањето на територијата Есекибо што и припаѓа на Гвајана.

Изборната комисија на Венецуела доцна синоќа соопшти дека, врз основа на прелиминарните резултати, околу 95 отсто од граѓаните кои излегле на референдумот гласале „за“ на сите пет понудени прашања, пренесе Си-Ен-Ен.

Во основа, планот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, е да ја анектира поранешната територија на Венецуела, која и припаѓа на Гвајана од крајот на 19 век, а станува збор за дури две третини од територијата на Гвајана, којa е исклучително богатa со масло.

Армиите на двете земји веќе беа стационирани на границата пред референдумот, а претседателот на Гвајана пред референдумот се искачи на рид веднаш до границата и го закачи знамето на Гвајана.

Исто така, Гвајана претходно се жалеше до Меѓународниот суд на правдата за најавениот потег на Венецуела и тој суд пресуди во корист на Гвајана, но тоа не го спречи Мадуро да го одржи референдумот.

Треба да знаете
Последни објави