Search

Администрацијата на Бајден испрати предупредување до Конгресот да одобри помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска испрати итно предупредување до Конгресот за потребата од одобрување на воена и економска помош за Украина во вредност од десетици милијарди долари, наведувајќи дека, во спротивно, одбраната на Украина од Русија може да биде запрена.

Во писмото упатено до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, кое исто така беше јавно објавено, директорката на Канцеларијата за управување и буџет Шаланда Јанг предупреди дека САД ќе останат без средства за испраќање оружје и помош за Украина до крајот на годината.

Јанг изјави дека на САД веќе им снема средства за поддршка на украинската економија.

Треба да знаете
Последни објави