Циклонот Оливер ја погоди руската престолнина, а Регионот на главниот град е зафатен од обилни снежни врнежи кои се очекува да паѓаат непрекинато до понеделник наутро.
Снегот не престанува да паѓа во Москва, а синоптичарите предупредуваат дека снежните наноси ќе продолжат да растат, додека температурата ќе се намалува. Во среда се очекува живата во термометарот да падне на -22, што е типично за Сибир, а не за Москва.
Московјаните активно споделуваат фотографии и видеа од градот покриен со снег.
Happy mood in snowy Moscow, Russia ❄️🎄♥️ pic.twitter.com/TDH42BeccF
— Tara Reade 🐎 (@ReadeAlexandra) December 3, 2023
Висината на снежната покривка рано утринава во главниот град на Русија изнесуваше 19 сантиметри. Се очекува висината на снегот да се зголеми за уште 10 сантиметри.
Синоптичарите предвидуваат дека за една недела мразовите ќе ослабат, а температурата постепено ќе се нормализира.