Search

Дербито за Шкупи, сефте за Седлоски како тренер на Работнички

Шкупи го дербиот на 17. коло со Шкендија кое се одигра во Чаир (1:0), трета среќа за Гоце Седлоски како тренер на Работнички забележувајќи го првиот триумф во дуелот со АП Брера (1:0), а актуелниот шампион Струга ТЛ остнува во игра да презими на лидерската позиција откако со пресврт го прескокна незгодниот Тиквеш во Кавадарци (3:2).

Еден гол ја реши пресметката на лутите ривали Шкупи и Шкендија кој во 37. минута го постигна Трпановски. Работнички се израдува на триумф во пресметката со струмичка Брера, за првпат под водство на новиот стратег Седлоски откако ја искористи предноста од играч повеќе во второто полувреме. На поетокот од вториот дел гостинскиот играч Франко доби црвен картон. Тоа го искористи Работнички и во 70. минута постигна победнички гол преку Адем.

Во Кавадарци домаќинотр Тиквеш имаа предност од 2:0, но на крајот не освоија ниту бод. За 15 минути игра Тиквеш имаше предност од два гола, со автогол на Згуро и погодок на Ивановски. Во финишот од првото полувреме на сцена стапи Радески кој со два гола го изедначи резултатот 2:2. На десетина минути пред крајот Георгиевски погоди за комплетен пресврт.

Гостивар во Кратово поведе со смешен гол на Кехинде кој го искористи тоа што топката заглави во калта, а Силекс се спаси од пораз со гол на Ѓорѓиевски во самиот финиш од мечот (1:1).

И Брегалница прокоцка два гола предност и освои бод против Воска (2:2). Брегалница поведе со голови на Андонов и Вебстер, пред крајот на првиот дел Олатунбосум намали на 2:1, а во финишот Трпевски погоди за конечни 2:2.

Резултати: Шкупи – Шкендија 1:0, Тиквеш – Струга 2:3, Работнички – Брера 1:0, Силекс – Гостивар 1:1,
Брегалница – Воска 2:2. Вчера: Македонија ЃП – Вардар 0:1.

Табела: Шкупи 35 бода, Струга 33 (-1), Шкендија 32, Силекс 24 (-1), Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, Брера 20, Македонија ЃП 18, Воска 17 (-1), Брегалница 17, Вардар 14 (-1).

Треба да знаете
Последни објави