Search

Џорџа Мелони стигна во Србија, ја пречека Вучиќ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони е во прва посета на Србија откако беше избрана на функцијата. На аеродромот ја пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По свечениот пречек пред Палатата Србија, започна тет-а-тет средбата меѓу Мелони и српскиот претседател.

-За мене е голема чест што сум домаќин на Џорџа Мелони во Белград. Сигурен сум дека оваа посета ќе им даде дополнителен импулс на нашите односи. Италија е еден од најважните политички и економски партнери на нашата земја. Особено сум благодарен на Мелони што најде време да ја посети Србија, и покрај нејзиниот напорен распоред, и да даде поддршка на нашето европско патување“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ пред два дена во Дубаи изјави дека очекува срдечен разговор со Мелони.

На прашањето дали тема на разговорот ќе биде можноста Италија поактивно да се вклучи во преговорите со Приштина, за што претходно зборуваше Мелони, Вучиќ за РТС изјави дека и тоа ќе биде тема, но и билатералната соработка меѓу двете земји и економските односи.

Треба да знаете
Последни објави