Search

Рома по пресврт го победи Сасуоло

Фудбалерите на Рома победија вечерва на гостувањето кај Сасуоло со 2:1, во натпреварот од 14. коло на италијанската Серија А. Сасуоло поведе со голот на Матеус Енрике во 25. минута, а потоа пресврт дојде со голот на Пауло Дибала од пенал во 76. минута и на Расмус Кристенсен во 82. минута кои и донесоа победа на Рома.

Сасуоло од 62. минута играше со играч помалку, бидејќи Даниел Болока доби директен црвен картон.

Рома е на петтото место со 24 бодови, а Сасуоло е на 15. позиција со 15 бодови.

Во следното коло Рома ќе ја пречека Фиорентина, додека Сасуоло ќе му гостува на Каљари.

Треба да знаете
Последни објави