Search

Спасовски и Бочварски денеска се во работна посета на Куманово

Министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски денеска ќе бидат во работна посета на Куманово. 

Како што информираат од владината прес-служба, Спасовски и Бочварски ќе го посетат реконструираниот објект на СВР Куманово, една од  капиталните инвестиции на МВР, на чие подрачје се реализирани реконструкциите и на останатите полициски објекти.

Министрите ќе ја посетат и  Железничка станица „Перо Чичо“, каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата – делница Куманово – Бељаковце, како дел од Коридор 8.

Треба да знаете
Последни објави