Се трага по две девојчина на возраст од 13 и 14 години кои исчезнале од Калитеа

Грчката полиција трага по две девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, кои исчезнаа од областа Калитеа, Атика, на 30 ноември. Станува збор за 13-годишната Елефтерија С. и 14-годишната Катерина П. Се претпоставува дека девојчињата се качиле во такси и се упатиле во непозната дестинација, објавија грчките медиуми.

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ ја ажурираше својата страница во четвртокот на 30 ноември и веднаш по наредба на обвинителството пристапи кон објавување на деталите за малолетниците, бидејќи постојат причини кои ги доведуваат во опасност нивните животи. Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тежи 85 килограми. На денот кога исчезна таа носеше црни спортски панталони со бела лента, беж блуза, црна јакна и бели тренерки. Катерина П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезна таа носеше бела блуза, црн капут, црни панталони и бели тренерки, објавуваат медиумите.

Оваа грчка организација алармира за исчезнати деца не само во Грција туку и во регионот, а вчера го објави и исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави