Search

6 причини поради кои се растураат најголемот број бракови

Да се одржува сексот интересен и привлечен во текот на годините за многумина е тешка задача и има показатели дека монотониот или многу редок секс може да предизвика и развод на бракот.

Шест жени и мажи за Уоменс Хелт ги откриле своите искуствите.

1. Никогаш не сме пробале нешто ново

– Ја запознав својата поранешна жена кога имав 17 години и беше првата со која имав полов однос. По венчавката упаднавме во рутина и не знаевме како да се извлечеме. По раѓањето на детето и еден спонтан абортус, сексот веќе не беше уживање. Денес подобро функционираме како пријатели и родители, раскажа 31-годишниот лукас.

2. Ме изневери

– Мојот наскоро поранешен сопруг и јас имавме различни погледи на сексот и тој ме изневери. Потоа призна дека не сака да биде во врска само со една жена, па го оставив, рече 32-годишната Клер.

3. Врска без секс

 – Мојот сопруг и јас имавме вкупно три сексуални односи за година ипол брак. Тоа е главната причина зошто го оставив. Тој не покажуваше интерес за некаква промена, ниту иницијатива, вели 33-годишната Донора.

4. Спиеше со колешките

– Мојот поранешен е одличен љубовник, но мене никогаш не ми го пружи тоа сексуално уживање. Веројатно затоа што често ме изневеруваше со колешки од работа и проститутки. Кога тоа го открив веќе никогаш не спиевме заедно, призна 51-годишната Криста.

5. Имаше прирачник

– Мојата жена сексот го сфаќаше пресериозно. Имаше прирачник кој морав да го следам и ми беше тешко сексот да не го доживувам како „работа“, која морам да ја одработам. Дури и кога таа иницираше секс, сите чекори сам морав да ги одработам. Тоа беше како извршување работни задачи, без никаква игра, појасни 34-годишниот Џејмс.

6. Не ги почитував нејзините желби и потреби

– Јас бев типичен маж кому не му беше потребно сексот долго да трае. Таа сакаше да трае подолго и да биде поинтимно. Не ги прифатив нејзините потреби и не и се посветив доволно. Затоа се разделиве, раскажа 51-годишниот Луј.

Треба да знаете
Последни објави