Search

Нико Вилијамс верен на Атлетик Билбао

Нико Вилијамс (21) го продолжи договорот со Атлетик Билбао до летото 2027 година, соопшти баскискиот клуб.

Ова е голем ден за клубот од Билбао бидејќи интерес за помладиот Вилијамс покажаа шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, како и неколку премиерлигаши.

Нико Вилијамс беше привлечен за богатите клубови бидејќи неговиот претходен договор со Атлетико требаше да истече на крајот на оваа сезона, што значи дека би можел да замине без обештетување.

Нико од минатата сезона е стандарден репрезентативец на Шпанија, а во Атлетико игра со својот постар брат Игнасио.

Треба да знаете
Последни објави