Search

Во последните три години, хакирањето во Кина е зголемено за речиси 30 проценти

Во текот на минатата и оваа година кинеските истражни органи истражиле 2.430 случаи на компјутерско хакирање и уапсиле 7.092 осомничени во врска со овие криминални активности, пишува „Глобал тајмс“.

Со тоа ефективно се прекина ланецот на криминално хакирање кое ја загрозуваше безбедноста на податоците и компјутерските мрежи во земјата, соопшти денеска кинеското Министерство за јавна безбедност.

Се нагласува дека во последните три години злоупотребата на компјутери и кражбата или компромитирање на податоци во Кина е зголемена за цели 27,7 отсто, како и дека од година во година се намалува старосната граница на сторителите на овој вид криминал.

Министерството наведува дека дури имало случаи кога биле уапсени основци кои стручно ракувале со хакерски софтвер и сериозно ја доведувале во прашање безбедноста на компјутерските мрежи.

Министерството наведува дека чест пример на хакирање е поврзан со постари модели на телефони и дека лани во септември била откриена група криминалци кои контролирале 14,4 милиони вакви застарени уреди и украле пари од сопствениците на тие телефони преку Интернет.

Треба да знаете
Последни објави