Search

Стејт департмент: Блинкен и Абас за забрзување на испораката на хуманитарна помош во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамала разговараше со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас за тековните напори за забрзување на испораката на хуманитарна помош во Газа, вклучително и максимизирање на хуманитарните паузи.

Тој го осуди екстремистичкото насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег и рече дека ќе продолжи да инсистира на целосна одговорност за одговорните, соопшти Стејт департментот.
Блинкен и Абас разговараа и за итната потреба од мерки за подобрување на безбедноста и слободата на Палестинците на Западниот Брег, се вели во соопштението.

Блинкен повтори дека САД остануваат посветени на унапредување на опипливи чекори за палестинска држава.

Треба да знаете
Последни објави