Познати се 12 од 16 учесници во плејофот на фудбалската Лигата на шампиони

По натпреварите од 5. коло во групната фаза од Лигата на шампионите, познати се 12 од 16 учесници во осминафиналето. Пласман синоќа обезбедија Арсенал кој го совлада Ленс (6:0) и ПСВ кој стигна до плејофот благодарение на победата на Реал Мадрид над Наполи (4:2).

Претходно место во плејофот имаа обезбедено: Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд и Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер сити и Лајпциг.

Првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 13 февруари. 

Финалето е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон. 

Треба да знаете
Последни објави