Search

Маслинката дава енергија и го намалува апетитот

Божиќниот пост започна, а една од намирниците што дефинитивно треба да се најде на вашата трпеза доколку постите, но без тоа, бидејќи е хранлива и многу здрава, е маслинката.
Одлична е за мозокот, дава енергија, помага при запек, го намалува апетитот и има многу други здравствени придобивки.

Маслинките содржат полифеноли, супстанции кои го намалуваат оксидативниот стрес во мозокот. Многу истражувања спроведени во Америка покажуваат дека секојдневното консумирање маслинки ја подобрува меморијата за дури 25%.

Дава енергија

Една чаша маслинки содржи 4,4 mg железо. Железото помага во синтезата на карнитин, аминокиселина која ги трансформира мастите во енергија. Покрај тоа, железото го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Ги намалува брчките

Маслинките ги намалуваат брчките за 20%, бидејќи содржат олеинска киселина. Оваа мононезаситена омега-9 масна киселина ја одржува кожата мека и здрава. Маслинките содржат и витамин Е, кој го подобрува здравјето на кожата.

Го намалува апетитот

Студијата спроведена во Италија покажува дека јадењето 10 маслинки пред секој оброк го намалува апетитот за 22%. Мононезаситените масни киселини кои се наоѓаат во маслинките го забавуваат варењето и го стимулираат хормонот холецистокинин, кој е одговорен за испраќање пораки до мозокот дека телото е полно.

Овие масни киселини го поттикнуваат и лачењето на адипонектин, супстанца која ги согорува мастите 5 часа по нивното внесување во организмот, па затоа маслинките се идеални за луѓе кои се стремат кон витка линија.

Добри се за срцето

Поради содржината на масни киселини, маслинките го регулираат нивото на холестерол и триглицериди, спречувајќи ги овие штетни материи да се таложат во крвните садови. На овој начин маслинките ги штитат и зајакнуваат артериите, а спречуваат и појава на многу здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем.

Треба да знаете
Последни објави