Search

Блинкен, Камерон и Борел си заминаа, а Лавров пристигна во Скопје

Нема можност за средба меѓу американскиот и рускиот министер за време на дводневниот состанок на ОБСЕ во Скопје.

Покрај Блинкен, вечерва околу 22:30 часот од Скопје замина и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. Според најавите, ниту шефот на европската дипломатија Жозеп Борел нема да има прилика да се сретне со Лавров на состанокот во Скопје бидејќи негово заминување од земјава се очекува рано изутрина.

Лавров доаѓа во Скопје по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и делегациите на земјите членки на ОБСЕ, која се одржа вечерва во хотелот „Александар палас“. Рускиот министер отсуствува и од заедничката фотографија на учесниците на неформалниот собир во скопскиот хотел.

Поради доаѓањето на Лавров на самитот во Скопје, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа своето учество на Министерскиот совет. Овие земји се претставени на пониско ниво.

Треба да знаете
Последни објави