Милан ќе изгуби огромна сума на пари доколку не се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите

Буџетот на Милан сериозно ќе „настрада“ доколку тимот не успее да обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, прогнозира „Газета“.

Според италијанскиот весник, на „росонерите“ им се заканува загуба од 113 милиони евра приход доколку не успеат да се пласираат во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување.

„Росонерите“ моментално се на дното на табелата, откако на домашен терен загубија од Борусија Дортмунд.

Моментално имаат само пет бода.

Постои само едно можно сценарио Милан да се пласира во осминафиналето, а тоа е да го победи Њукасл на гости, а Борусија Дортмунд да го победи ПСЖ на домашен терен.

Од таа група, Борусија Дортмунд е сигурен патник во следната фаза.

Треба да знаете
Последни објави