Search

55.000 семејства шест месеци ќе плаќаат поевтина струја преку деветтиот пакет антикризни мерки

Владата вчера го усвои и објави деветтиот пакет на антикризни мерки вреден 662 милиони евра, кој има за цел да им помогне речиси на сите категории граѓани да се справат со високите трошоци за живот. 

Покрај, пензионерите, учениците, студентите, стопанството, дополнителна финансиска поддршка ќе добијат и 55.000 домаќинства на кои државата ќе им плаќа дел од сметката за електрична енергија. 

38.000 корисници на Гарантираната минимална помош (поранешна социјална помош) во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 денари месечно за електрична енергија.

Ист износ, за истиот период ќе добиваат и 12.000 на државната социјална пензија, додека 5.000 лица преку програмата за енергетска сиромаштија ќе добиваат по 2.000 денари за период од шест месеци. 

За реализација на оваа мерка, државата определи седум милиони евра, а како што соопшти премиерот Ковачевски, парите се обезбедени во државниот буџет. 

Деветтиот пакет антикризни мерки ќе започне да се реализира на први декември.

Треба да знаете
Последни објави