Search

Слободен паркинг во зоните на ЈП„Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ денеска попладне нема да се врши наплата за паркирање, како и во текот на утрешниот ден.

На јавните паркиралишта кај Тутунски комбинат, ЗОИЛ и кај болницата 8 Септември  денеска и утре нема да се плаќа по 12 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека редовна наплата ќе се се врши на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза, како и во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“

Административните простории на претпријатието и канцелариите во Центар, Аеродром, Карпош и Илинден, денеска попладне и утре нема да работат.

Треба да знаете
Последни објави