Search

Работнички драстично оштетен со погрешна судиска одлука на натпреварот против Гостивар

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) направи детална анализа на делењето на (не)правдата на средбите од 15. коло во Првата лига и 13. коло од Втората лига и утврди по една голема грешка во двете конкуренции и тоа поради недоделен црвен картон. Работнички не успеа да го скрши отпорот на Гостивар (0:0), но исходот од овој дуел можеше да биде поинаков, ако судијата Јован Качевски имал правилна проценка на ситуацијата во деветтата минута. Тогаш стартот на Адаму Алхасан беше проценет за жолт картон, иако уште во истиот момент сите мислеа дека требаше да биде исклучен.

-На средина на теренот за игра, близу четвртиот судија и првиот помошен судија на една топка која не беше во ничиј посед стартуваа два противнички играчи, играчот на гостинската екипа направи недозволен и груб старт нагазувајќи го противничкиот играч во пределот на зглобот и лигаментите од внатрешната страна на ногата и направи прекршок. Погрешна одлука на главниот судија со првиот помошен судија и четвртиот судија (кои ја поддржаа одлуката на главниот судија) што доделија жолт картон за стартот, во оваа ситуација требаше да се додели ЦРВЕН картон за гостинскиот играч за груб и опасен старт, стои во анализата од судиската комисија.

Погрешна проценка за стартот на фудбалер на Осогово во судиското продолжение од првото полувреме на гостувањето кај Скопје (0:1), направил и судијата Дени Лековски.

Треба да знаете
Последни објави