Search

Приведен гостиварец во Скопје, во возилото пронајдена дрога

Денеска,  по претходно преземени оперативни мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода гостиварецот Б.Ј.(31), со престојувалиште во Скопје.

При контрола на патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, под хаубата е пронајдена поголема ќеса со  марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави