Пет месеци го болеше главоболката, лекарите останаа шокирани кога ја открија причината

Маж (35) од Виетнам пет месеци имал силни главоболки. Поради ова, но и поради губење на видот, на 24 ноември итно се пријавил во болницата „Пријателство со Куба“ во Донг Хои.

Лекарите направиле КТ скен и дошле до бизарно откритие. Не само што откриле дека боледува од тензичен пневмоцефалус – необичен неврохируршки итен случај опасен по живот, обично предизвикан од траума на главата, туку за време на прегледот откриле и скршени стапчиња за јадење заглавени низ носот во черепот, пишува Метро.

Човекот прво се збунил и не знаел како приборот за јадење завршил во неговиот мозок. Но, тогаш се сетил дека пред пет месеци учествувал во тепачка во пијана состојба. Не се сеќавал на многу детали од таа вечер, но знае само дека некој го прободел со непознат предмет во лицето.

Меѓутоа, кога отишол во болница по инцидентот, лекарите не ги нашле стапчињата за јадење, ниту забележале некакви абнормалности поврзани со неговиот нос.

За среќа, сега лекарите успеале да му ги извадат стапчињата од главата преку ендоскопска операција преку носот.

Пациентот наводно е во стабилна состојба и чека отпуштање од болница.

Д-р. Нгујен Ван Ман, шеф на Одделот за неврохирургија, го нарече случајот многу редок.

Треба да знаете
Последни објави