Search

Паралелна конференција за граѓанско општество за крај со претседавањето со ОБСЕ

Во  Министерството за надворешни работи денеска треба да се одржи Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

-Конференцијата овозможува креирање на платформа каде што бројни експерти, владини претставници и граѓански активисти ќе можат да воспоставуват дијалог за клучните прашања со кои се соочува граѓанското општество во Северна Македонија,  во регионот на југоисточна Европа, како и ОБСЕ регионот, информира Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Настанот, појаснуваат, ќе обезбеди можност за значаен дијалог, споделување на знаење и заеднички иницијативи.

Целта е да се претстави извештајот за Самоевалуација на човековата димензија и воедно да се поддржи вмрежувањето и градењето на партнерства помеѓу граѓанските организации, претставниците на владини институции и меѓународните организации, за зајакнување на меѓусебната соработка.

-Дискусијата ќе се продлабочи во врска и со меѓународни злосторства и кривично гонење за време на вооружени конфликти, моменталната состојба на тортура и принудни исчезнувања, како и предизвиците со кои се соочува граѓанското општество во ОБСЕ регионот, имајќи го предвид контекстот на војни и конфликти.

Дополнително ќе биде претставена и Скопската декларација, стои во најавата за настанот. 

Треба да знаете
Последни објави