Search

Меџити: Дојде време за обединување, дојде време за Европскиот Сојуз за Промени

Интегрален текст од обраќањето на Изет Меџити по повод потпишувањето на Декларацијата на коалицијата Европски Сојуз за Промени

Денес, кога ја гледам мојата земја, ја гледам оваа реалност: Северна Македонија, 2023 година: Земјата штотуку го доби најлошиот извештај за напредок кон Европската Унијата. Преговорите за членство се во клиничка смрт. Владата ги доби најтешките критики за неуспех во своите реформски капацитети во секоја сфера на владеењето. Судството одбележа најниска  историска оценка што се однесува до политичката независност, непристрасните одлуки и интегритетот на судиите. Корупцијата е на највисоко ниво и ја опфати секоја сфера на општеството. Груевски се подготвува да се врати во државата како херој и неговото триумфално враќање го подготвува ДУИ, додека неговите пријатели одамна се ослободени од секаква казна за злоупотреба. Минималната плата продолжува да биде мизерна. Младите секојдневно ја напуштаат својата татковина во потрага на подобра перспектива во земјите на Западна Европа… ДОСТА БЕШЕ!

Северна Македонија од 2023 година требаше да биде едно подобро место за живеење. Ова беше ветувањето. За жал, денес Северна Македонија е полошо место за живеење. Северна Македонија е земја во која убиствата не се обелоденуват, крадците не се казнуваат, корумпираните се ослободуваат. Северна Македонија е држава во која партијата те избира, партијата те вработува, партијата те суди, партијата те казнува, партијата те наградува, партијата те напредува. И ова е парадоксот, баравме демократија, добивме  партиократија!!! Денес меѓу Албанците е инсталирана корумпирано-клиентелистичка елита која за да ја зачува власта ќе направи сојуз (алеанца) и со криминалците, убијците, и со ѓаволот ако е потребно!

ДЕНЕС ОД ОВАА САЛА, ОБЕДИНЕТИ ГО КРЕВАМЕ ГЛАСОТ: ДОСТА БЕШЕ!

Секојдневно избувнуваат скандали на коруптивно-клиентелистичката каста во власта: СОРАВИЈА, ЛОТАРИЈА, АРБЕРИЈА, КСИ ИНТЕРНАТИОНАЛ…Синот, ќерката, зетот, внукот, братучедот, телохранителот, шоферот…корумпираната мрежа на власта не запира! ДОСТА БЕШЕ!

Државата е заробена. Денеска во нашата земја можеш да бидеш успешен бизнисмен, успешен службеник, успешен директор, само ако прифатиш да му ја бакнеш раката НЕМУ, НА ГОЛЕМИОТ,  НА СРМН, НА ММВ. ДОСТА БЕШЕ!

Денеска судбината на Албанците на Северна Македонија се одредува од босовите на казината и игрите на среќа. Денеска со судбината на Албанците се коцка Артан Груби со другарите! ДОСТА БЕШЕ!

Да објаснам со едноставни зборови за да може секој да разбере: Партијата ги именува бакнувачите на рака на важни финансиски позиции – тие имаат задача да си најдат начини како да крадат граѓански пари и тие пари да ги насочат кон компаниите и нивните семејни бизниси. Уште поедноставно: јас, ти, другиот мора да даваме мито ако сакаме да си завршиме работа, бизнисмените мора да им дадат провизии на нивните семејства, на нивните браќа за да можат да добијат тендер, директорите мора да склучуваат договори за изнајмување со компаниите на нивните семејства за да буџетските пари одат на адресата на големите… Значи со нашиот труд, нашата пот се збогатуваат и разгалуваат синовите, браќата и внуците на овие семејства, додека обичниот граѓанин ја бара првата можност за да избега од татковината! И немајте илузии, овие поединци поврзани цврсто во хиерархијата на партијата, НИКОГАШ нема да одговарат пред законот. Знаете зошто? Затоа што Обвинителот за организиран криминал

што исто така е член на овие семејства, НИКОГАШ нема да покрене правна постапка против нив! Па дури и ако некогаш поднесе постапка, овие семејства се осигурани за да го променат Кривичниот законик за никој да не даде одговорност. Прорано викаа Груевски и Фамилијата, сега се заменети со две други фамилии! ДОСТА БЕШЕ!

Сите овие појави придружени со формализирање на неказнивоста, ја наложи потребата за една алтернатива. ЕВРОПСКИОТ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНА се роди како еден антипод на кризата во која падна албанското општество. СОЈУЗОТ се роди за да стане глас на сите оние кои немаат адреса во која ке пријават корупција, на оние кои се деградирани на работното место ако не мислат како што вели партијата, на оние кои очекуваат партиска милост за да ги решат основните проблеми пред да одлучат да се преселат!

Европскиот сојуз за промени претставува вистинска заедница на чесни луѓе кои се обидуваат да преживеат во ова лошо време. 

Етикетираните, исклучените, игнорираните, нечуените, прогонетите, овие се ГЛАСОТ НА НАШИОТ СОЈУЗ! Сите оние кои веруваат во демократијата како систем на диверзитет, на слободата на мислењето и изразувањето, како шанса за напредок за секој поединец, овие се НАШАТА МОЌ! Во време кога власта, користејќи ги познатите методи на

диктаторските режими, го користи секој институционален механизам за да нареди и реализира поделба меѓу Албанците и раѓање на партии-човек секојдневно, Европската Унија за Промени е тука за да каже: СЕГА ВЕЌЕ  АЛБАНЦИТЕ ИМААТ РЕШЕНИЕ! ОБИДЕНАТА ОПОЗИЦИЈА СМЕ НИЕ!

И денес сме тука да ги известиме сите дека овој Сојуз претставува политичка, општествена, интелектуална, образовна, економска мобилизација бидејќи Албанците во Северна Македонија заслужуваат да живеат подобро, по сигурно, со повеќе шанси за просперитет во земјата каде што се родени!

Оваа опозиција е политичка платформа која заедно со граѓанското општество, со сите оние кои мислат поинаку, е решена да го победи организираниот криминал спонзориран од владејачката партија. Затоа, ДОСТА БЕШЕ ЌУТЕЊЕ, ДОСТА БЕШЕ СТРАВ, ДОСТА БЕШЕ АПАТИЈА, ДОСТА БЕШЕ ЕДНО МИСЛЕЊЕ! Дојде време за СОЕДИНУВАЊЕ, ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНИ!

Американскиот претседател Ричард Никсон, коментирајќи ја неопходноста за расчистување на скандалот Watergate, во еден говор пред американските граѓани рекол: БЕЛАТА КУЌА НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВИ БЕЛА БОЕЊЕТО СО ВАР! Значи, фасадата што денес ни ја сервира власта, концертите, манифестациите спонзорирани од партијата со нашите пари, не можат да ја сокријат суштината на проблемите. Вашиот вар нема да може да го сокрие осиромашувањето на Албанците, враќањето на едноумието во време кога светот се занимава со вештачка интелигенција! Вашите концерти нема да ја ублажуваат сиромаштијата, додека на вашите ПР паради им истекол рокот!

Сакам од овде вечерва, целосно свесен за политичката ситуација во која се наоѓа државата, да го повторам нашиот непоколеблив став дека Европскиот Сојуз за Промени како единствен партнер го има албанскиот народ и во иднина ќе биде отворен за соработка со оние политички сили кои ќе ги поддржат уставните измени, кои претставуваат суштински услов за продолжување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Драги браќа и сестри, моментот на промена се приближува! Како претседател на Демократското движење и дел од Европскиот сојуз за промени ги поканувам сите поединци кои веруваат дека е време за политичка ротација да ни се придружат. Ги повикуваме сите општествени активисти, невладини организации, слободни мислители, уметници и особено оние кои имаат барем една причина да се чувстваат разочарани од корумпираната клиентелистичка каста на власта, да дојдат со нас. Движењето започна. Напредокот е невозможен без да се случи промената. А оние кои можат да се предомислат, тие можат да променат се!

Треба да знаете
Последни објави