Search

МВР подготвено за безбедно одржување на Самитот на ОБСЕ, уверува Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Штабот во рамки на Оперативната акција „ОБСЕ 2023″, со цел организирање, раководење и координирање на мерките и активностите за безбедно и непречено одржување на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, во текот на следните два дена, а на кој присуствуваат 74 високи странски делегации.

Началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти кој е носител на активноста, Александар Нацевски, го информираше министерот Спасовски дека службите ги преземаат сите потребни мерки и активности, дел од делегациите се пристигнати, а состојбата е редовна. Тимови на СВР Скопје, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за гранични работи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, се на терен и постапуваат според планот.

Во оваа прилика Спасовски истакна:

„Повеќе од сигурен сум дека на најдобар начин ќе се прикажеме како служба и како држава. Огромни надежи се ставени на Северна Македонија. Ова е сериозен предизвик за службата и за државата. Многу е важно како нѐ перцепираат на ниво на  меѓународна заедница. Вчера учествував на конференција во Брисел, во Европската Комисија, каде што оценката за МВР е во суперлативи за сите достигнувања, за професионалноста на полицијата, и тоа пред министри од целиот свет. Перцепцијата укажува на тоа дека Република Северна Македонија има сериозен кредибилитет и капацитет, меѓу другото и поради Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тоа во дипломатијата се толкува како почеток кога сите седат на иста маса. Затоа одговорноста е уште поголема сѐ да помине во најдобар ред. МВР е подготвено за предизвикот”, рече министерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави