Search

Македонија го загуби загарантираното место за претставник во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет поради лошите резултати во послкедните три сезони го загуби местото за свој претставник во групната фаза од елитното натпреаврување Лигата на шампионите. На најновиот ранкинг објавен денеска од ЕХФ, Македонија бележи пад од осмата на тринаесеттата позиција. Директно место во ЛШ има само за осумте најдобро пласирани земји. Новиот првак на Македонија за да учествува во ЛШ треба да се надева дека ќе добие вајлд-карта, но и тоа е  малку веројатно со оглед на резултатите на македонските клубови сезонава и oсумте порази во првите осум натпревари на нашиот првак Еурофарм Пелистер.

Едно од причина за големиот пад е и ланското неиграње на Вардар во ЛШ, откако „црвено-црните“ во последен момент беа исфрлени од ждрепката од ЕХФ поради долговите што ги направи претходното раководство на клубот.

Новиот ранкинг значи дека Македонија ќе има две места во Лига Европа на ЕХФ, од кои шампионот речиси сигурно ќе има загарантирано место во групната фаза, а вицепрвакот најверојатно ќе треба да игра едно квалификациско коло.

Според последниот рејтинг осумте земји кои собраа најмногу поени и ќе имаат свои претставници во ЛШ се: Шпанија, Германија, Полска, Франција, Данска, Унгарија, Португалија и Норвешка.

Треба да знаете
Последни објави