Search

Лекари без граници: Израелците го блокираа влезот во болницата, две лица настрадаа

Меѓународниот претседател на организацијата Лекари без граници, Христос Кристоу, изјави дека двајца Палестинци умреле откако израелски воени возила го блокирале влезот во болницата во Џенин, не дозволувајќи им пристап на пациентите.

„Два часа не можевме да им помогнеме на луѓето и тие не можеа да стигнат до нас, бидејќи израелските воени возила го блокираа влезот во болницата и патот, спречувајќи минување на амбулантни возила. Двајца Палестинци починаа од повредите бидејќи брзата помош не можеше да стигне до нив“, напиша Кристоу на социјалните мрежи, како што објави Си-ен-ен.

Кристоу рече дека бил во посета на тим на Лекари без граници во болницата Калил Сулејман во Џенин на окупираниот Западен Брег кога израелската армија извршила рација во бегалскиот камп Џенин.

„Ова мора да престане. Пациентите треба да имаат пристап до здравствена заштита во секое време. Нема ништо полошо за лекарот од тоа да не може да им помогне на оние на кои им е потребна медицинска нега“, рече тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера соопштија дека во Џенин траат судирите.

„ИДФ спроведува контратерористички активности во областа“, соопшти ИДФ, додавајќи дека нема да дава дополнителни детали додека не завршат операциите.

Треба да знаете
Последни објави