Search

Ким Кардашијан со комедија доаѓа на Нетфликс

Ким Кардашијан и комедијата „Петтото тркало“ доаѓаат на Нетфликс. По еднонеделна војна и конкуренција од главните играчи, платформата за стриминг ги доби правата да ја дистрибуира претстојна комедија во која глуми реалити ѕвезда, дознава Дедлајн.

Покрај тоа што ќе ја води женската екипа, Ким ќе биде и продуцент на проектот.

Не се објавени информации за деталите на заплетот, ниту пак се објавени некои одлуки за кастингот, освен онаа поврзана со Кардашијан.

Филмот се „додворувал“ на неколку различни дистрибутери, а се размислуваше и за прикажување во кино, пред да победи Нетфликс – рекол изворот.

Кардашијан веќе се појави во неколку филмови.

Таа сепак најсилен впечаток остави во хорор серијата „Американска хорор приказна: деликатна“.

Треба да знаете
Последни објави