Search

Г7 ги повика јеменските бунтовници да го ослободат екипажот и да го вратат запленетиот товарен брод Галакси

Министрите за надворешни работи на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) денеска ги повикаа бунтовниците Хути во Јемен „веднаш да престанат“ со закани за поморскиот сообраќај и да го ослободат екипажот на товарниот брод Галакси Лидер, кој го запленија во Црвеното Море пред десет дена.

-Ги повикуваме сите страни да не го загрозуваат или попречуваат законското остварување на правата и слободите на пловидба на сите бродови, се наведува во соопштението на министрите на Г7.

Групата ги повика јеменските бунтовници „веднаш да ги прекинат нападите врз цивилите и заканите за меѓународните бродски патеки и комерцијалните бродови и да го ослободат бродот, кој незаконски го запленија во меѓународните води на 19 ноември, и неговиот екипаж“.

Хутите, сојузници на Иран, го зазедоа трговскиот брод со 25 членови на екипажот како одмазда за израелската војна против Хамас во Газа.

Бродот Галакси Лидер е управуван од јапонска компанија, но припаѓа на британска компанија која и самата е во сопственост на израелски бизнисмен. 

Треба да знаете
Последни објави