Search

Горан Иванишевиќ е кандидат за најдобар тениски тренер во 2023 година

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, е номиниран за наградата „Најдобар тренер за 2023 година“, соопштено е денеска на официјалната веб-страница на Здружението на тениски професионалци (АТП).

Тениските тренери гласаа за номинации за најдобар стручњак. Заедно со Горан Иванишевиќ, кандидати се и Крег Бојнтон (тренер на Хуберт Хуркач), Дерен Кејхил и Симоне Вањози (тренери на Јаник Синера), Хуан Карлос Фереро (тренер на Карлос Алкараз) и Брајан Шелтон (тренер на Бен Шелтон).

Во категоријата „Повратник на годината“ кандидати за наградата се: Александар Зверев, Јан-Ленард Штруф, Доминик Кепфер и Гаел Монфис. Кандидати за наградата „Стефан Едберг“ која се доделува на играч кој во текот на целата година се однесувал на највисоко ниво на професионализам и интегритет и кој со најголем дух на чесност се натпреварувал со своите колеги и ја промовирал играта со своите активности надвор од теренот, се Карлос Алкараз, Григор Димитров, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Во категоријата „Најподобрениот играч“, номинирани се Јаник Синер, Бен Шелтон, Матео Арналди и Кристофер Еубанкс. Кандидати за наградата најдобар млад тенисер кој напредувал се Флавио Коболи, Артур Филс, Алекс Микелсен, Доминик Страјкер и Лука ван Аш. Победниците на сите АТП награди ќе бидат објавени во текот на неделата на награди, која започнува на 11 декември

Треба да знаете
Последни објави