Отруена сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба !?

Маријана Буданова, сопругата на началникот на воената разузнавачка единица на Украина е хоспитализирана откако била отруена со тешки метали, а постои сомнеж дека се работи за обид за убиство, се наведува во медиумскиот извештај што за АФП го потврдиле разузнавачки извори.

Во вторник, 28 ноември, украинската веб-страница „Бабел“ објави дека Буданова, сопругата на Кирил Буданов, началникот на Украинската воена разузнавачка управа ГУР, завршила во болница по сомнителен обид за труење.

Повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, Бабел наведува дека Киев отворил истрага за она што тие го опишаа како „обид за убиство“. Извор кој сакаше да остане анонимен, за АФП изјави дека извештајот е точен и додаде дека Буданова е отруена и се лекува, без да даде повеќе детали.

Украинска „Правда“ наведува дека отровите најверојатно ги внела во организмот преку нејзините оброци, бидејќи се затруле и неколку други членови на персоналот на ГУР.

Британските медиуми наведуваат дека се уште нема индикации кој стои зад труењето, ниту пак е разјаснето како е извршено, но доколку се потврди како намерно, труењето би било најсериозен напад врз член на семејство на истакнат член на Украинското воено раководство од почетокот на војната меѓу Украина и Русија на 24 февруари 2022 година.

Службата ГУР, на чело со Кирило Буданов, е значајно вклучена во тајните операции на Киев против Москва. Во Украина Буданов е претставен како задкулисниот мозок на воените операции против Русија, додека, според британските медиуми, тој е „најомразена личност“ во Русија.

Руските медиуми,пак, претходно објавија дека судот во Москва во април, во отсуство, го обвини Буданов за тероризам, на што тој кажа дека „ќе продолжи да убива Руси каде било во светот до целосната победа на Украина“.

Треба да знаете
Последни објави