(Видео) Аплазуи и пофалби за МВР и Спасовски по неговото обраќање во Европската Комисија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Брисел, учествува на Меѓународната конференција за Глобална алијанса за борба против криумчарењето мигранти, во Европската Комисија, во присуство на колеги министри за внатрешни работи од целиот свет.

Спасовски одлучи да се обрати на македонски јазик и упати порака дека во рамки на Министерството за внатрешни работи успешно функционираНационалната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, која заедно со Одделот за гранични работи и миграции ги следи состојбите и делува проактивно во откривање на случаи на криумчарење на мигранти кои имаат елементи на организиран криминал, како и откривање на индивидуални случаи на криумчарење мигранти.

„Продолжуваме да партиципираме во Работната група за Западен Балкан , да ја продлабочуваме соработката со нашите партнери од регионот и Европа,  преку меѓународните агенции за спроведување на законот, како што се Европол и Селек- на полициско и оперативно ниво и Eвро- џаст – на ниво на обвинители. Веќе седум месеци спроведуваме заедничка операција со европската Агенција за гранична и крајбрежна стража, со цел засилен надзор на јужната граница, а на располагање се и сите нивни ресурси од технички аспект. Оваа помош е повеќе од добредојдена. Резултатите на терен покажуваат тренд на намалување на обидите за илегални преминувања  за 50% во однос на минатата година”, истакна Спасовски упатувајќи благодарност за сета поддршка и помош која ја добива нашата држава од партнерите од ЕУ.

 По завршувањето на обраќањето на министерот Спасовски следуваше громогласен аплауз, а од страна на Еврокомесарката Илва Јохансон беше изразена благодарност за споделените искуства и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

„Драго ми е да слушнам дека соработката со ФРОНТЕКС е многу добра, и благодарам за споделување на вашите искуства со Националната Единица и како ги зајакнувате вашите капацитети. Инспиративно е тоа што го правите”, рече еврокомесарката Јохансон.

Треба да знаете
Последни објави