Search

10 израелски и 2 тајландски заложници ослободени од Хамас, на враќање во Израел

Израелските одбранбени сили соопштија дека 12 заложници – 10 Израелци и двајца странци – биле префрлени од Црвениот крст во Египет преку преминот Рафа.

Тие ќе бидат доведени до точка на средба каде што израелските сили ќе го потврдат нивниот идентитет, пред да ги донесат во Израел преку споредната порта на преминот Керем Шалом, велат од ИДФ.

Меѓу ослободените израелски заложници има девет жени и едно дете.

Една од Израелките е со двојно, израелско и австриско државјанство, а други двајца се аргентински државјани.

Во замена за заложниците, 30 палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел подоцна денеска.

Треба да знаете
Последни објави