Search

Облачно со врнежи од дожд и снег

Облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура се движеше од -6 до 3 степени, а дневната ќе биде меѓу 2 и 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата изутринава изнесуваше -1 степен, а преку ден ќе достигне 6 степени.

Треба да знаете
Последни објави