Search

ЕК: Годинава пожарите во Европа зафатија 900.000 хектари, површина колку Кипар

„Можете ли да ги видите црвените точки на картата? Тие се остро предупредување за промена на климата“, пишува во предупредувањето објавено од Европската комисија на Инстаграм со картата на Европа.

2022 година беше втора најлоша година за шумски пожари. Речиси 900.000 хектари земја – површина колку Кипар – беа изгорени во ЕУ. Со нив, многу шуми.

„Не можеме да си дозволиме да ги изгубиме и уникатните придобивки што ги носат, од регулација на климата, до биолошка разновидност. Шумските пожари, сушата и другите притисоци ја загрозуваат нивната иднина“, пишува во објавата.

Затоа се намалуваат информациските празнини за европските шуми и се создава сеопфатна база на знаење за шумите во ЕУ.

Нашиот новопредложен Закон за мониторинг на шумите ќе ја искористи сателитска мрежа @CopernicusEU и локални податоци за да создаде ресурси за мапирање, следење, собирање и споделување критични информации за европските шуми.

Тие ќе им овозможат на земјите од ЕУ, сопствениците и менаџерите на шумите да се справат со предизвиците и да ги заштитат еколошките и економските функции на шумите.

Треба да знаете
Последни објави