Search

Домаќинствата и компаниите во еврозоната се помалку се задолжуваат кај банките

Домаќинствата и компаниите во еврозоната се помалку задолжуваат кај банките, е заклучокот од извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во октомври објавен денеска.

Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во октомври пораснаа за 0,6 отсто на годишно ниво, што е најбавна годишна стапка на раст од јуни 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Банкарските кредити на компаниите се намалени за 0,3 отсто на годишно ниво во октомври, што претставува прв пад на годишно ниво од јули 2015 година.

Монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во октомври падна за еден процент на годишно ниво на 16 милијарди евра, а вредноста на овој агрегат се намалува веќе четврти месец по ред.

Вредноста на потесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, во октомври падна за 10 отсто на годишно ниво.

Треба да знаете
Последни објави