Борел со остра реакција за издвојувањата нови средства на израелските власти за илегални израелски населби

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел денеска остро го осуди новото издвојување средства на израелската Влада за изградба на нови нелегални населби.

„Згрозен сум откако дознав дека среде војна, израелската влада е подготвена да издвои нови средства за изградба на повеќе нелегални населби“, напиша Борел на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).

Борел оцени дека финансирањето на новите населби „нема да го направи Израел побезбеден“.

„Населбите се сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и тие се најголемата безбедносна одговорност на Израел“, објави тој на X. 

Треба да знаете
Последни објави