Search

Шефот на кинеската дипломатија патува во Њујорк на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји оваа недела ќе отпатува во Њујорк на состанокот на Советот за безбедност на ОН, наменет на конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кина, која е привремен претседавач со Советот за безбедност на ОН овој месец, ќе одржи состанок на високо ниво за израелско-палестинското прашање на 29 ноември“, соопшти портпаролот на Министерството Ванг Венбин, додавајќи дека министерот за надворешни работи Ванг Ји лично ќе претседава со состанокот.

Кина минатата недела го поздрави договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој денеска влегува во последниот ден. 

Треба да знаете
Последни објави