Search

Сообраќајот се одвива непречено, наместа по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Укажува дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можно појава на поситни одрони.

Јавното претпријатие информикра дека има постојано дежурни екипи на терен кои ги одржуваат сите патни правци проодни и дека учесниците во сообраќајот може да добијат повеќе информации на нивниот дежурен телефон:  02 25 61 502. 

Треба да знаете
Последни објави