Search

Милвоки од -26 до триумф над Портланд, Јокиќ го потопи Сан Антонио

Неверојатниот пресврт на Милвоки Бакс и Никола Јокиќ ги обележаа натпреварите во НБА лигата одиграни изминатата ноќ.

Деневер Нагетс против Сан Антонио ја прекинаа лошата низа(четири порази на последните пет натпревари). Јокиќ го одигра најефикасниот меч од почетокот на сезоната во победата 132:120.

Центарот на Денвер забележа 39 поени, 11 скока и девет асистенции. Во чекор го следеа Мајкл Портер Јуниор со 25 поени и седум скока, односно Реџи Џексон со 20 поени.

На спротивната страна Виктор Вембањама забележа 22 поени, 11 скока и шест украдени топки. Сан Антонио го забележа 11 последовен пораз.

Кошаркарите на Милвоки Бакс надополнија негатива од 26 поени и го победија Портланд со 108:102. Портланд на девет минути до крајот на третата четвртина водеа со 81:55.

Јанис Адетокумбо со 33 поени и 15 скока, односно Демијан Лилард со 31 поен го предводеа Милвоки. Сепак најзаслужен за пресвртот е Боби Портис кој во последниот период постигна 10 од своите 12 поени и со својата енергија го раздвижи тимот.

Бостон во интересен натпревар славеше во дуеот со Атланта 113:103. Џејсон Тејтум беше најефикасен играч на натпреварот со 34 поени.

Кај Атланта се истакнаа Тре Јанг со 33 поени и Богдан Богдановиќ со 23. Богдановиќ погоди седум тројки од 10 обиди.

Резултати:

Бостон – Атланта 113:103
Мемфис – Минесота 97:119
Њујорк – Феникс 113:116
Орландо – Шарлот 130:117
Бруклин – Чикаго 118:109
Кливленд – Торонто 105:102
Денвер – Сан Антонио 132:120

Треба да знаете
Последни објави