Search

Костадиновска-Стојчевска: Колективниот договор во културата е еден од подобрите во регионот

„Колективниот договор во културата е придобивка обезбедна од оваа власт. Потпишан е во 2019 година и е еден од подобрите во регионот. Преземен е веќе во Црна Гора, а имам информација дека и други земји го разгледуваат“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека со овој договор се овозможува постојано покачување на платите на култирните работници согласно покачувањето на минималната плата во државата.

„Имавме ситуации каде докотори по наука по етнологија, но и археолози, конзерватори, долги години заработуваа плата која беше под секое ниво на она образование што го имаат. Сега со секој буџет прво се обезбедува проектираното зголемување на нивните плати“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека недоразбирањето во септември во врска со покачувањето согласно општиот колективен договор е разрешено и потенцираше дека општиот колективен договор е засебен документ и не го заменува колективниот договор за култура.

„Прв пат по долги години сектор култура доби исплата на регрес за годишен одмор или К-15. Низ некои неформални разговори со вработените, тие се присетија дека последниот регрес за годишен одмор им бил во 2004 или 2005 година, но не можеа да се сетат дали бил во пари или во продукти“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Последни објави