Search

Инзаги: Посакувавме ппобеда, ама и ремито не е против Јувентус

Тренерот на лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Интер, Симоне Инзаги и неговиот колега од клупата на Јувентус, Масимилијано Алегри, се задоволни од ремито (1:1) на дербито во меѓусебната пресметка. По средбата во Торино, Интер ја задржа предноста од два бода на врвот на табелата во Серија А.
-Нерешениот резултат не е лош исход од натпреварот. Многу е тешко да се постигне гол против Јувентус, особено ако тие се во водство. Секако дека требаше подобро да реагираме во ситуацијата во која Влаховиќ постигна гол. Сепак, не ја загубивме концентрацијата и брзо израмнивме. Второто полувреме беше помалку интересно, но против силниот противник кој заслужено е второпласиран на табелата бодот е добредојден. Сакавме да победиме, но и овој резултат не е лош, призна тренерот на „нероаѕурите“, Инзаги и дополни: -Неколку тимови се во борба за титулата, а уште неколку посакуваат пласман во топ 4. Да не беа повредите на Бастони, Павар и на Санчез, веројатно ќе изберев поинаков состав. Играме на секои 48 или 72 часа, што не е лесно. Се надевам дека Алексис ќе биде подготвен за натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави