Search

Израел и Хамас се заинтересирани за продолжување на примирјето

Израел и Хамас се заинтересирани за продолжување на привремениот прекин на огнот во Газа со постоечките услови кои истекуваат во вторник. Во петокот почна четиридневниот прекин на огнот меѓу Израел и терористичката група Хамас. Денеска се треба да има четврта размена во кој треба да бидат ослободени вкупно 50 заложници и 150 палестински затвореници.

Хамас во неделата преку соопштение се поизинесе дека ќе се обиде да го продолжи договорот обидувајќи се да ослободи повеќе заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, рече дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден и ја повторил својата понуда за продолжување на паузата за уште еден ден за секои 10 заложници ослободени од Хамас.

Сепак Нетанјаху предупреди дека Израел ќе ја продолжи својата офанзива „со сите сили“ откако ќе истече примирјето.

Катар, Египет и САД како меѓународни посредници во конфликтот, исто така направија напори да го продолжат примирјето.

Во неделата, Хамас ослободи 17 заложници – меѓу кои 14 Израелци и четиригодишно американско девојче – во замена за 39 палестински затвореници ослободени од Израел.

Одделно, Хамас соопшти дека го ослободил рускиот заложник „како одговор на напорите на рускиот претседател Владимир Путин“.

Треба да знаете
Последни објави