Search

Привремен прекин на сообраќајот утре од село Ветуница до мост на река Блидеш

За потребите за изградба на Експресен пат А2, делница Длабочица  Чатал, утре (28 ноември) ќе се изврши минирање За таа цел предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12:00 до 16:00 часот.

Како што соопшти АМСМ, по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат. 

Треба да знаете
Последни објави