Search

Ковачки се обиде концерт на Лепа Брена во Софија да го претстави како салата Борис Трајковски во Скопје

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки со цел да ја нападне Владата, денеска на кратко се обиде да претстави лажна слика, односно се обиде фотогорафија од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје.

Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации.

Ова не е прв пат Ковачки, да споделува лажни вести во обид да креира револт и со тоа можеби да освои ситни политички поени.

Претходно тој објави дека во Косово биле уапсени припадници на военото разузнавање, вест која што сите служби ја демантираа, а за наводниот секс скандал во Армијата, министерката за одбрана Славјнка Петровска од него побара извинување за 48 часа, во спротивно таа ќе покрене тужба против него.

Треба да знаете
Последни објави