Search

Mеѓу ослободените заложници и Израелка за која се сметаше дека е убиена

Една Израелка на 70. годишна возраст, за која претходно се мислеше дека е убиена, е жива и е меѓу 13-те заложници ослободени во петокот, соопштија израелските власти.

Хана Кацир беше киднапирана од нејзиниот дом во Кибуц Нир Оз на 7 октомври, кога нејзиниот сопруг Рами беше убиен. Нејзиното име, заедно со неколку други од нејзиниот кибуц, израелската влада го објави во списокот на ослободени заложници.

Палестинскиот исламски џихад, милитантна група од Газа која понекогаш дејствува во координација со Хамас, во вторникот во својот канал Телеграм тврдеше дека Кацир е мртва.

„Ја објавуваме смртта на доселеничката Хана Кацир, за која претходно ја изразивме нашата подготвеност да ја ослободиме од хуманитарни причини, но одолговлекувањето на непријателот доведе до губење на нејзиниот живот“, се велеше во објавата на телеграмскиот канал на палестинскиот исламски џихад.

Но, по 49 дена во заробеништво, портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во петокот објави дека Кацир е ослободена.

Лиат Бел Сомер, портпаролка на Форумот за заложници и исчезнати семејства, рече дека Кацир е мајка на три деца и има шест внуци.

„Семејството и пријателите ја опишуваат како жена со големо срце. Таа работеше долги години како чувар во кибуц“.

Треба да знаете
Последни објави