Search

Шлепери се претекнуваат во услови на забрана за сообраќај, надлежните апелираат до возачите да ги почитуваат забраните

-Три шлепери се претекнуваат еден со друг во услови на забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Далеку сме од совршени, ама ако не можеме да пристапиме, интервенциите се практично невозможни. Апелираме да се почитуваат сите правила, прописи и актуелни забрани за одвивање на сообраќајот во зимски услови, напиша на својот Фејсбук профил Костадин Ацевски, директор на Македонија пат.

Поради снежните врнежи кои ја зафатија земјава, од попладнево забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Кичево-Стража, Кратово-Пробиштип, на патниот правец Битола-Ресен и обратно, кај превојот „Ѓавато“, на патниот правец Градско-Прилеп кај превојот „Плетвар“ и обратно, а истовремено патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Како што информираат од АМСМ, од 20 часота на регионалниот пат Св. Николе-Куманово сообраќајот се одвива по една лента, наизменично и само за ПМВ, а од 21 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Катланово се одвива по една коловозна лента.

Треба да знаете
Последни објави