Хонда повлекува над 300.000 модели на „акорд“ и ХР-В

Хонда ќе повлече неколку стотици илјади модели на „акорд“ и ХР-В поради недостиг на дел во затегнувачите на предните безбедносни ремени, што може да го зголеми ризикот од повреда при судар.

Според соопштението на Хонда и Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NSHTA), тој дефект може да значи дека патниците можеби нема да бидат соодветно врзани во случај на несреќа, велат регулаторите.

NHSTA го припиша проблемот на грешка направена при склопување на возилото и потенцијално повеќе од 300.000 модели на „акорд“ и ХР-В го имаат овој дефект.

Од 16 ноември, Хонда добила седум поплаки од клиенти, но нема извештаи за повредени или жртви поради неисправните затегнувачи, според документите објавени од NHSTA.

За клиентите кои купиле вкви возила, дилерите ќе ги заменат безбедносните појаси бесплатно.

Треба да знаете
Последни објави