Search

(Твитер) Меѓу уапсените во акцијата во Струга е и бивш телохранител на Мицкоски!?

На социјалните мрежи корисниците споделуваат информации дека во големата полициска акција во Струга меѓу уапсените дваесеттина луѓе е и Драган Стојаноски – Командант, за кој се тврди дека е поранешен телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Стојаноски своевремено бил дел и од Единицата за брзо распоредување на полицијата, а бил и дел од настаните на 27 април 2017 година, каде на снимки можеше да се забележи како со спуштен штит и без шлем, пее заедно со насилнците кои упаднаа во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави