Таен мултимилионер кој немаше мебел остави 3,8 милиони долари на малото градче во кое живеел

Човек од Њу Хемпшир со тајно мултимилионско богатство ја донирал целата своја животна заштеда на гратчето во кое живеел пред својата смрт.

Џефри Холт живеел во подвижен дом во Хинсдејл, каде што работел како чувар, пред да умре во јуни на 82-годишна возраст.

Во септември локалните власти дознаа за огромната донација. Стив Диорио, кој претседава со избирачкиот одбор на градот, го опиша како „огромен подарок“.

„Мислам дека никој немаше поим дека тој е толку богат“, изјави Диорио. „Знам дека тој немаше многу семејство, но сепак, да го остави целото богатство во градот каде што живееше“.

И покрај тоа што имал милиони долари, Холт живеел едноставен живот. Тој немал телевизор или компјутер во својот дом, а немал ниту многу мебел.

Тој, исто така, немал автомобил, иако на тинејџери им предавал возачко образование. Тој низа градт се возел со својот велосипед или косилка.

„Изгледаше дека го има она што го сака, но не сакаше многу“, изјави за новинската агенција Едвин „Смоки“ Смит, најдобриот пријател на Холт и извршител на неговиот имот.

Во тестаментот на Холт се вели дека 3,8 милиони долари што ги остави зад себе мора да одат за финансирање образование, здравство, рекреација и култура во Хинсдејл.

Засега не е јасно за што ќе се потрошат донираните средства. Меѓу предлозите се развивање на онлајн курс за возење во чест на работата на Холт или купување на нова машина за броење гласачки ливчиња во чест на посветеноста на Холт на гласањето.

Други предлози вклучуваат надградба на часовникот на градското собрание и обновување на зградите низ градот.

Градскиот администратор Кетрин Линч изјави за медиумот дека Хинсдејл „ќе ги искористи оставените пари многу штедливо како што тоа го правеше г-дин Холт“.

Треба да знаете
Последни објави