Search

Пирс Броснан шармира и во осмата деценија

Легендарниот американски актер, познат и по улогата на Џејмс Бонд, Пирс Броснан со години е познат како еден од најголемите шармери во Холивуд и секое негово појавување во јавноста ги интригира неговите обожаватели.

70-годишниот Пирс деновиве е фотографиран на плажата во Малибу додека го возел својот велосипед, покажувајќи ги бицепсите и одличната форма во бела маица без ракави. Актерот изгледаше како да ужива во океанот, а не обрна премногу внимание на објективите на папараците.

Пирс славно го играше тајниот агент 007 во четири филмови за Џејмс Бонд – „Златно око“, „Утре никогаш не умира“, „Светот не е доволен“ и „Умри друг ден“. Последен пат тој беше во таа улога во 2002 година, и иако едвај чекаше да го снима петтиот филм, продуцентите одлучија дека повторно сакаат нов актер. Пирс рече дека не се кае што ја напуштил франшизата, и покрај тоа што по телефон му било кажано дека ќе биде сменет.

„Нема жалење. Не дозволувам жалењето да влезе во мојот свет… Тоа само води до повеќе мизерија и повеќе жалење. Бонд е подарокот што продолжува да дава и ми даде прекрасна кариера. Откако ќе бидеш означен како Бонд, тоа е засекогаш, па подобро да се помириш со тоа и да сфатиш кога ќе поминеш низ таа врата и веќе нема да го глумиш“, изјави Пирс за „Гардијан“ во 2020 година.

Меѓутоа, Пирс претходно призна дека се чувствувал како да е на работ од бездна кога го исфрлле од франшизата и изјавил дека телефонскиот повик од продуцентите бил како гром од ведро небо. Филмската ѕвезда ја повикале Барбара Броколи и Мајкл Вилсон и го известиле дека одлучиле да му ја дадат улогата на друг актер, а таа потоа му припаднала на Даниел Крег.

Наводно, Пирс барал премногу пари за петтиот филм, додека газдите веќе решиле да ја однесат франшизата во нешто поостра насока. Но Пирс ја продолжи со својата успешна кариера по франшизата за Бонд, појавувајќи се во филмови како „Мама Миа!“ и „Писател од сенка“.

Треба да знаете
Последни објави